Маж зборува на својата жена плавуша:
- Започна да одвојуваш многу време и пари за фризер.
- А што да правам? Многу луѓе ми велат дека нешто не е во ред со мојата глава.
Разговараат две плавуши, возејќи автомобил:
- Мажите шофери не ги познаваат сообраќајните правила.
- Да! Види го овој напред, не го почитува ниту растојанието, вози точно пред нас.
Зборуваат две плавуши:
- Кети, знаеш ли зошто рибите молчат?
- ???
- Пикни ја главата во аквариум и пробај да кажеш нешто!
Испитуваат тројца луди луѓе:
- Колку е два и два?
Лудиот одговара:
- Сино.
Го прашуваат вториот лудак:
- Колку е два и два?
- Црвено.
Го викаат третиот и го прашуваат истото:
- Колку е два и два?
- Четири.
- Како пресмета?
- Многу едноставно - црвено плус две минус сино е еднакво на четири.
Шеф и вели на плавуша:
- исчисти го лифтот
Плавушата:
- На сите спратови?
Две палвуши седеле на една клупа во паркот. До нив се приближува еден дечко и започнува разговор:
- Добар ден - рекол - јас сум Петар, а вие?
- Ние не.
Разговараат двајца полицајци и едниот го прашува другиот
- Каде си ти роден?
- Дома,а ти?
- Јас, во болница.
- А зошто,што ти било?
-Погоди колку денари имам во џебот,па ќе ти ги дадам сите 500-му рекол еден полицаец на својот колега.
-А за 500 денари нема да си ја разбивам главата од размислување!
Си живееле Мики Маус и жена му Мини Маус. Имале срничка Дејзи. Еден ден Мики Маус си дошол дома и рекол:
- Minny Mouse, I want a divorce!(превод: Мини Маус сакам развод!)
- Are you fucking crazy?!
- No, I'm fucking Dazy.
Плавуша се вози во воз. Се слуша:
- Следната станица “2-ри август”
Плавушата чука на вратата:
- А порано нели може да слезам?
Плавуша вика од бањата:
- Мили дај ми шампон!
- До кадата има полно шампони!
- Да, но на нив пишува “за сува коса”, а мојата веќе ја намокрив.
Што е разлика помеѓу умна плавуша и вонземјанин?
Сите зборуваат за нив, но никој не ги видел.
Што прават плавушите пред да почнат да пишуваат со молив?
Го распишуваат.